Еј здраво пак 👋
Претпоставувам дека веќе знаеш, но ајде повторно да се запознаеме.
Јас сум Александар Динев, и ова е првата од многуте објави што ќе ги читаш тука и е многу повеќе од она што го гледаш на моите feed-ови.
Сакав да имам простор каде навистина можам да споделувам behind-the-scenes мисли, идеи и мали приказни што не секогаш се вклопуваат во фотографија или reel. Замиси го ова како мој личен агол, каде можам да бидам искрен, реален, понекогаш и малку хаотичен… токму како животот.
Тука ќе зборувам за:
- Што ме инспирира, креативно и лично
- Искуства и лекции што го обликуваат мојот животен пат
- Совети, инсајти и соработки што ми се возбудливи за споделување
- И уште мноооогу други работи интересни за читање
Ова е местото каде прв ќе дознаваш за сите новости, пред да се појават на моите профили по social media. Те охрабрувам да ја отвораш оваа страница редовно и да ме следиш на моите социјални медиуми за уште повеќе моменти од зад сцената.
Исто така, ако имаш идеи или предлози за тоа што би сакал да прочиташ повеќе, пиши ми, сакам да го создадам овој простор заедно со тебе и буквално го читам секој пристигнат мејл во мојот инбокс.
Добредојде на патувањето иииии со нетрпение чекам да споделам уште повеќе со тебе.
Ти испраќам позитивна енергија, каде и да си и што и да правиш во моментов 🤗
Александар Д.